Свет
29. November 2017 - 9:13

Најмалку едно лице загина при уривање на мексикански воен хеликоптер

Најмалку едно лице загина при уривање на воен хеликоптер, соопштија властите во Мексико.

- Хеликоптерот се урна во мексиканската сојузна држава Гереро, изјави портпаролот на Службата за државна безбедност, Роберто Алварез.

Хеликоптерот учествувал во акција за уништување на полиња со афион во државата Гереро.

Се уште се истражуваат причините за падот на хеликоптерот.

За сега не е познато дали имало други лица во хеликоптерот освен пилотот.