Најмалку две жртви во судир на два мали авиони во САД
По судирот во лет на два мали авиони во американската сојузна држава Ајдахо, две тела се извлечени од езерото над кое се случила несреќата, а се стравува дека во несреќата загинале уште шест лица, јавија американските медиуми.
Кабинетот на шерифот на округот Кутенај, соопшти дека во авионите имало осум лица, меѓу кои и деца.
Во моментот се верува дека нема преживеани, се наведува во соопштението и се додава дека делови од авионот, од кои едниот бил Цесна, а другиот Хавиленд, потонале на длабочина од 38 метри, што било утврдено со сонда.
Локалните медиуми пишуваат дека истрагата ја води Федералната управа за воздушен сообраќај.
Според локалните медиуми, канцеларијата на шерифот немала соодветна опрема да реагира итно, имајќи предвид дека делови од авионот завршиле на дното на езерото.
Според очевидци, моторот на еден од авионите се запалил пред несреќата.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка