Свет
26. November 2016 - 14:24

Најмалку девет жртви на ураганот Ото во Костарика

Најмалку девет лица загинаа, а десетици други се повредени во Костарика во налетот на ураганот Ото, што подоцна се претвори во силна тропска бура, соопштија властите во оваа централноамериканска држава.

Силното невремено, проследено со обилни врнежи од дожд, предизвикаа излевање на некои реки, кои однесео мостови и до појава на лизгање на земјиштето.

Во неколку помали градови луѓето останале без вода, а цели квартови биле затрупани со кал.

Според локалната метеоролошка служба, во само неколку часови наврнал дожд колку што обично паѓа во текот на еден цел месец.

Ураганот Ото, кој се создаде во регионит на Карибите, на крајот од сезоната на ураганите, што мошне ретко се случува, претходно ја погоди и Никарагва.

Сите жртви во Костарика се во близината на пограничниот појас со Никарагва.

Двете земји презедоа мерки за заштита на цивилното населени. Луѓето беа евакуирани од најпогодените реони, а сите училишта остнаа затворени.

Ото предизвика брзината на ветрот да достигне 175 километри на час, но неговата јачина, според анализите на метеоролозите во регионот, забрзано се намалувала, па во Пацификот ураганот се претворил во тропска бура.

Ова беше првпат по 1851 година, Костарика да биде погодена од еден ураган.

На почетокот од оваа недела, силна бура проследена со силен ветер и обилни врнежи од дожд, погоди и делови од Панама. Властите потврдија дека четири лица ги загубиле животите.

По ураганот Ото, Никарагва и Салвадор беа погодени и од силен земјотрес, што предизвика тревога за цунами. Епицентарот беше во Пацификот, на 120 километри од салвадорскиот брег, но нема сознанија дека потресот предзвикал некаква штета.