Свет
6. March 2021 - 20:32

Најмалку десетмина загинати во самоубиствен напад во Авганистан

Во самоубиствен напад во градот Лаџкаргах, јужен Авганистан загинаа десет луѓе, а двајца се повредени. Мета на нападот бил гланиот обвинител на Државната управа за разузнавање Сајед Махмуд Ага.

Напаѓачот со автомобил-бомба влетал во конвојот со кој се превезувал Ага. Во нападот загинаа Ага, неговиот телохранител, осуммина од неговата придружба, а повредени се двајца цивили.

Засега никој не презеде одгворност за нападот.

За неколку слични напади одговорност презеде Исламска држава. Додека авганистанските власти за нападите ги обинуваат талибанците.

Откако во септември минатата година во Доха почнаа мировните преговори помеѓу авганистанската Влада и талибанците со посредство на САД, се интензивираа нападите во Авганистан.