Свет
13. February 2017 - 15:19

Најмалку четворица загинати во снежна лавина на француските Алпи

Најмалку четири лица загинаа, а пет други се водат како исчезанти, откако денеска биле однесени од снежна лавина во близина на зимското одморалиште Тињ во францускиот дел на Алпите.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, инцидентот се случил на надвор од одбележаните скијачки патеки во близина на Тињ.

Според претставник на полицијата од Куршевал, до денеска нешто по пладне спасувачите тимови ги пронашле телата на четворица од настраданите, додека за останатите пет се претпоставува дека се уште заробени под снегот, .

- Пет лица се уште се затрупани со големо количество снег врз нив, изјави претставник на спасувачките екипи, изразувајќи песимизам околу можноста тие да се живи.

Инцидентот се слулчил околу 10.35 часот на 2.100 метри надморска височина, објави весникот „Дофине“, додавајќи дека лавината, која била широка 400 метри, се одронила при минувањето на група скијачи кои биле на одмор во Тињ.

Во потрага по исчезнатите се вклучени скијачка патрола од Тињ и неколку тимови со кучиња за пребарување.

Ова е најсериозен инцидент од почетокот на оваа скијачка сезона во Франција. За денеска ризикот од лавина бил оценет со три на скалата до пет степени.

Од почетокот на сезоната, во француските делови на Алпите и Пиринеите се случија 13 лавини во кои вкупно загинаа три лица. Минатата сезона, имаше 45 несреќи со вкупно 21 смртен случај.

Вчера во Горна Савоја при лавини загинаа две лица. Во утринските часови, одрон на снег однесе еден млад скијач на секторот на дивината Праз-сур-арли. Неколку часа подоцна, уште еден скијач бил однесен од лавина во Ла Клуза.