Свет
19. May 2020 - 8:38

Најмалку четири лица загинаа при земјотрес во кинеската провинција Јунан

Најмалку четири лица загинаа, а 24 се повредени при земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала, што синоќа ја погоди префектурата Заотонг во југозападната кинеска провинција Јунан.

Епицентарот на земјотресот бил во областа Чаодји, на длабочина од осум километри.

Во спасувачката операција учествуваа кинеските војници, пожарникари и спасувачките служби на Заотонг, каде живеат 5,5 милиони луѓе.