Балкан
13. May 2016 - 17:27

Најмалку 75 уапсени во акција на бугарската полиција против илегални мигранти

Бугарската полиција денеска уапси најмалку 75 лица во рамки на акцијата за открување на странци кои илегално престојуваат на територијата на Бугарија, јави БТА.

Како што соопшти прес-службата на бугарското Министерство за внатрешни работи, меѓу уапсените се и 34 лица кои се осомничени за поврзаност со шверц на луѓе. 

Во акцијата, кој е спроведена на териториите на Бургас, Видин, Јамбол, Монтана, Пазарџик, Пловдив, Сливен, Софија, Стара Загора и Хасково, учествувале над 1.430 полициајци и припаниџи на Државната агенција за национална бебзедност (ДАНС) и Јавното обвинителство.

При акцијата се претресени 1.010 објекти и речиси 5.000 возила, при што се запленети и една пушка и еден пиштол, за кои сопствениците немале валидни дозволи, како муниција за нив.