Свет
21. September 2015 - 16:41

Најмалку 54 жртви во напади на „Боко Харам“ во Нигерија

Најмалку 54 лица се убиени во напади, извршени вчера од исламистичката група „Боко Харам“ во нигерискиот град Мајдугури, соопшти денеска полицијата.

- Загинати се 54 лица, а повредени се 90, изјави пред новинарите портпаролот на полицијата на североисточната нигериска држава Борно.