Свет
8. July 2016 - 9:08

Најмалку 35 луѓе загинаа во самоубиствeни напади врз шиитско светилиште во Ирак

Во напад врз шшитско светилиште во северниот ирачки град Балад загинаа 35 луѓе, а 65 се повредени, јави телевизијата „Скај њуз Арабија“.

При нападот врз гробницата на Саид Мохамед бин Али ал Хади двајца бомбаши-самоубици го активирале експлозивот што го имале на себе. Првиот ја активирал бомбата врз полицаец на влезот од гробницата, а другиот во гробницата меѓу насобраните верници. А, потоа други екстремисти отвориле оган врз верниците.

Третиот бомбаш-самоубиец бил убиен пред да го изврши нападот.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Балад се наоѓа на 90 километри северно од Багдад и е под контрола на шиитските одреди за самоодбрана.

Радикалниот шиитски имам Муктада ал Садр им нареди на вооружените милиции да се упатат кон Балад за да го заштитат шиитското светилиште.