Loading Video...
Свет
6. October 2022 - 12:21

Најмалку 34 лица меѓу кои 23 деца и бремена наставничка убиени во градинка во Тајланд

Најмалку 34 лица се убиени во напад во градинка во Тајланд. Според информациите од локалната полиција меѓу убиените има 23 деца.

Маж со пиштол и нож влегол во градинката најпрво застрелал 5 лица меѓу кои и една наставничка која била осми месец бремена.

Напаѓачот е идентификуван како 34-годишен поранешен полицаец кој минатата година добил отказ поради употреба на дрога.