Свет
28. March 2019 - 9:28

Најмалку 32 загинати кога камион влетал во толпа луѓе во Гватемала

Најмалку 32 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Гватемала кога камион влетал во толпа луѓе на автопат, соопштија локалните власти.

Министерот за здравство Карлос Сото изјави дека уште девет лица, кои се префрлени во болница, се наоѓаат во критична состојба.

До несреќата дошло кога камион удрил во група луѓе кои излегле на пат да проверат во каква состојба е едно лице кое претходно било удрено од автомобил.

Несреќата се случила во местото Нахуала, западно од Гватемала Сити.

– Во овој момент ги координираме акциите за да им дадеме целосна поддршка на семејствата на жртвите. Најискрено сочувство- напиша претседателот на Гватемала, Џими Моралес.