Најмалку 32 загинати и 85 повредени во железничката несреќа во Грција
Најмалку 32 лица го загубија животот, а 85 се повредени во железничката несреќа што се случи кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз.
Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните информации од Противпожарната служба на Грција, заклучно со 6.30 часот, бројот на загинати достигна до 32 лица, додека од повредените 85 патници, 53 се хоспитализирани.
Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина - Солун директно се судрил со товарен воз.
Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар.
Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис утрово соопшти дека акцијата е фокусирана на првите два вагони кои што се превртени, а се интервенира со помош на четири специјални кранови.
Паралелно во тек е и процесот на идентификација на жртвите.
Ново на Сител
-

САД одобрија продажба на оружје на Тајван, прва откако Трамп се врати во Белата куќа
-

Исчезната 50 годишна велешанка
-

Без вода Гинекологија Чаир и улиците „Дижонска“ и „Коста Абрашевиќ“
-

Од анализирани 19 случаи, кај 10 утврдено дека се непотребно извршени кардиохирушки операции или непотребно се упатени за операции
-

Без струја делови од неколку скопски општини
-

Украински напад врз рускиот град Новоросијск, погодени брод и складиште за нафта
-

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Во Владата прес-конференција на министерот за здравство и Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
