Свет
6. October 2022 - 10:39

Најмалку 31 загинат во престрелка во Тајланд

Најмалку 31 лице е убиено во престрелка во североисточниот дел на Тајланд, изјави портпарол на полицијата.

Пукањето се случило во детски центар во провинцијата Ног Буа Ламфу. Меѓу жртвите има и деца и возрасни.

Се трага по убиецот, кој е поранешен полицаец.