Свет
9. March 2017 - 8:28

Најмалку 30 загинати во самоубиствени напади во централен Ирак

Најмалку 30 луѓе загинаа и 25 се ранети во бомбашки напади извршени на свадба во централен Ирак.

Според полицијата, напаѓачите носеле појаси со експлозиви што ги активирале во селото Хаџаџ близу градот Тикрит. Телевизијата Ал Сумарија јави дека нападите ги извршиле четири луѓе. Засега никој не презеде одговорност за тие напади.