Свет
1. August 2015 - 20:20

Најмалку 27 луѓе загинаа во поплавите во Мјанмар

Најмалку 27 лица загинаа во поплавите предизвикани од монсунските дождови во Мјанмар. Околу 150.000 куќи и полиња се уништени, а голем број луѓе се отсечени, што ги отежнува спасувачките мисии.

- Поголем дел од земјата е поплавен. Тринаесет од вкупно 14. провинции и региони на Мјанмар се погодени од поплавите, изјави неименуван претставник на Министерството за социјални работи.

Меѓу најпогодените е западната држава Ракин, каде над 7.000 се сместени во кампови во 23 манастири во градот Минјабар и на кои итно им е потребна вода за пиење.

Мјанмар секоја година е погодена од монсунски дождови, кои во комбинација со честите циклони, се смртоносни, поради поплавите и лизгање на земјиштето.

Циклонот Наргис, кој ја разори делтата на реката Иравади во Мјанмар во мај 2008 години, одзеде приближно 140.000 животи.