Свет
5. July 2017 - 21:01

Најмалку 26 лица загинаа во престрелка во Северно Мексико

Најмалку 26 лица загинаа во престрелка во северната мексиканска држава Чивава, изјави Феликс Гонсалес, портпарол на канцеларијата на државниот обвинител. 

Инцидентот се случил покрај населеното место Лас Варас, а во него учествувале две вооружени групи.

Постои можност да се зголеми бројот на жртвите, истакна Гонсалес.