Свет
4. October 2015 - 10:37

Најмалку 25 повредени при уривање на трибина на концерт во САД

Најмалку 25 лица, од кои поголемиот број средношколци, се повредени минатата ноќ, при уривање на трибина за време на музички концерт во градот Стејствил во американската сојузна држава Северна Каролина.   

Трибината се урнала кога во неа, од засега непознати причини, удрил камион.

Како што јави ТАСС, тројца од повредните се наоѓаат во критична состојба.

На концертот на локална музичка група, присуствувале средношколци од неколку десетици училишта.