Свет
5. September 2016 - 20:30

Најмалку 23 лица погинаа во пожар во затвор во Етиопија

Во пожар, што во текот на викендот избувна, во затворот Килинто, во Етиопија, погинаа 23 лица, објави државната телевизија.

Затворот се наоѓа на периферијата на престолнината Адис Абеба и во него казна отслужуваат многу опозициски лидери и новинари, наведуваат американските медиуми.

Како што пренесуваат локалните медиуми, повикувајќи се на владино соопштение, во стампедото или од задушување со чад настрадале 21 затвореник, додека двајца се убиени во обид за бегство.

Причината за пожатот засега не е позната.