Свет
12. September 2016 - 9:04

Наjмалку 22 лица се убиени при воздушни напади на Арапската коалиција во Јемен

Најмалку 22 лица загинаа при воздушни напади на коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, близу јеменскиот главен град Сана, пренесува БТА.

Воени авиони на Коалицијата, во саботата нападнале машинеријата за дупчење за вода во месноста Бејт Саадан, северно од Сана, причинувајќи неколку жртви. Вториот удар бил нанесен на истото место во моментот додека мештаните дошле напомош на жртвите. Севкупно 22 цивили се убиени, а седуммина ранети при двата напада, велат очевидци. 

Шиитските бунтовници хуси соопштија на својата веб-страница - sabanews.net, дека Коалицијата нанела 22 воздушни напада во областа, при што биле убиени и ранети над сто лица.