Најмалку 21 загинат, а илјадници ги напуштија домовите во поплавите во Доминиканската Република
Најмалку 21 лице загина во Доминиканската Република по обилните дождови во текот на викендот, а илјадници ги напуштија своите домови, соопштија денеска доминиканските власти, пренесе Би-Би-Си.
Меѓу загинатите има и три деца, а девет Доминиканци загинаа откако обилните дождови предизвикаа уривање на ѕидот на тунелот на автопатот во главниот град Санто Доминго.
Оперативниот центар за вонредни состојби (ЦОЕ) соопшти дека дождот предизвикал поплавени домови, прекин на електричната енергија и оштетени мостови и патишта.
Доминиканскиот претседател Луис Абинадер рече дека тоа е „најголемиот дожд во историјата на земјата“, додавајќи дека наставата во училиштата е прекината до среда за да се осигура безбедноста на учениците и наставниците.
Дождот, кој е резултат на тропски циклон, се очекува да продолжи денеска во делови од земјата, соопшти Американската амбасада.
Повеќето од 32-те провинции во земјата, како што се наведува, и понатаму се под црвено-жолта метеоролошка тревога. Меѓу загинатите има четворица американски државјани и тројца од соседниот Хаити.
Ново на Сител
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот
-
Преглед на вестите од светот
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра