Свет
19. November 2017 - 10:55

Најмалку 19 жртви во пожар во Кина

Најмалку 19 лица загинаа, а осум се повредени во пожар кој избувна во двокатна зграда во јужно предградие на Пекинг.

Пожарот по извесно време бил изгаснат, а повредените се префрлени во болница каде им е укажана лекарска помош.

Кинеската државна телевизија подоцна јави дека властите уапсиле неколку лица во врска со пожарот. Не е прецизирано колку лица се уапсени, ниту дали се осомничени за намерно палење или невнимателност.