Најмалку 17 загинати во несреќата на камион со експлозив во Гана | ВИДЕО
Најмалку 17 лица загинаа, а 59 се повредени во западна Гана кога камион кој превезувал експлозиви во рудник за злато се судрил со мотоцикл, соопшти денеска владата, додавајќи дека експлозијата уништила цел дел од градот.
Несреќата се случила вчера околу пладне во градот Апијаста, недалеку од Богос, рударски град на запад, на околу 300 километри западно од Акра, главниот град на таа западноафриканска земја богата со минерални суровини.
Според првичните информации, несреќата се случила во близина на електричен трансформатор, по што дошло до експлозија, изјави ноќеска преку соопштение минист ерот за информации Коџо Опонг Нкрумах.
Тој рече дека вчера во 17 часот биле потврдени 17 загинати и 59 повредени. – Од повредените, 42 се згрижени во здравствени домови, а дел од тие лица се во критична состојба, рече министерот Нкрумах.
„Сите болници во областа се мобилизирани да се грижат за повредените, а активиран е и план за евакуација за транспорт на лицата во критична состојба во болниците во главниот град Акра“, соопшти владата.
Со цел да се избегне нова експлозија, на местото на несреќата е испратена заедничка екипа од полициски и воени експерти за експлозии за да ја испитаат ситуацијата и да воведат безбедносни мерки.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација