Свет
24. July 2019 - 12:28

Најмалку 12 жртви во свлечишта во југозападна Кина

Најмалку 12 лица загинале во две свлечишта во југозападна Кина, а спасувачите трагаат по уште 34 лица кои се водат како исчезнати.

Во свлечиште кое минатата ноќ затрупало 21 куќа во провинцијата Гуејџоу, загинале најмалку 11 лица. Спасени се 11 луѓе, а 34 лица се водат како исчезнати.

Се верува дека главната причина за несреќата бил обилниот дожд.

Во друго свлечиште кое се случило вчера во Гуејџоу загинало едно лице, а шест се водат како исчезнати.

До лизгање на земјиштето дошло на градилиште на автопат, јави агенцијата Синхуа.