Свет
15. August 2017 - 18:31

Најмалку 12 загинати и 52 повредени откако дрво паднало врз верници за време на празник на Мадеира

Најмалку 12 лица загинаа, а 52 други се повредени денеска, откако високо дрво паднало врз присутните на една верска прослава на португалскиот остров Мадеира.

Трагедијата се случила за време на чествувањето на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица во ботаничката градина на пет километри од градот Фуншал.

Португалските медиуми јавија дека меѓу загинатите има и две деца.

Претставник на локалните власти изјави дека седуммина од повредените лице се во критична состојба, меѓу кои има и по еден Французин, Германец и Унгарец.

Тој прецизира дека дрвото кое паднало бил даб стар околу 200 години, крај кој се наоѓа чешма со икона на Богородица, околу која верниците палеле свеќи.