Најмалку 11 лица се убиени при индиски напад на патнички автобус и село во пакистански Кашмир
Најмалку 11 лица се убиени денеска при индиско бомбардирање на патничи автобус и село во пакистански Кашмир во близина на линијата на поделба, соопштија локалните власти.
Новите инциденти се случија во атмосфера на зголемена напнатост меѓу двете нуклеарни сили во спорната хималајска област.
Гранатите истрелани од страна на Индија погодиле автобус во Пакистан и при тоа се убиени девет лица.
Останатите двајца починале во нивниот дом при напад со граната.
Претставник на индиската армија изјави дека гранатирањето е одговор на пакистанското нарушување на прекинот на огнот.
Тензиите во Кашмир ескалираа по убиството на сепаратистичкиот лидер во индискиот дел на спорната хималајска област во јули.
Околу 100 лица загинаа при нападите во регионот во текот на последните месеци.
Индија и Пакистан се обвинуваат меѓусебно за повеќекратни прекршувања на прекинот на огнот од 2003 година.
Двете нуклеарни сили и историски непријатели војуваа веќе три пати, откако добија независност од Британската империја во 1947 година.
Ново на Сител
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје