Балкан
6. November 2020 - 11:07

Најлош ден во Хрватска, 2.890 новозаразени и 34 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.890 новоинфицирани со коронавирус, а 34 лица починаа, јавуваат хрватските медиуми официјалните податоци.

На респиратор има 135 пациенти.

Во Хрватска и вчера беше забележан најлош ден, кога беа регистрирани 2.848 нови случаи на инфекција со коронавирус.