Македонија
12. September 2021 - 21:18

Најинтересни факти за кандидатите за локалните избори

Петре Шилегов како кандидат на СДСМ, Данела Арсовска како независен кандидат поддржана од ВМРО-ПМНЕ, Бени Шаќири како кандидат на коалицијата ЛДП-ДОМ, Ана Петровска како независна од „Зелен град“, Петар Георгиевски– Камиказа како кандидат на Левица, адвокатот Тортевски од Твоја партија  - тоа се 6-те имиња кандидати за градоначалник на Скопје кои до вчера ги слушавме во јавноста. Списокот на Државната изборна комисија со поднесените пријави покажува уште 6-мина други кои сакаат да трчаат за прв човек на метрополата.

Кандидатури за градоначланик на Скопје поднеле и Бошњачки демократски сојуз, ТМОРО, Демократи, работници и независни, Интегра, Родина Македонија и Титови сили. Ако нивните партии не ги откријат, нивните имиња ќе ги објави ДИК по потврдата на кандидатурите.

За град Скопје има најмногу поднесени кандидатури, дури 12. Вкупно за локалните избори на 17 октомври во трка влегуваат 297 кандидати. По 7 и 6 кандати има пријавено и во Центар, Карпош, Кисела вода, Ѓорче Петров...Најмалку кандатури, по две, имаат Бутел, Сопиште и Маврово Ростуше...

ПОмалите партии како ТМОРО, Интегра, Демократи, работници и независни, Единствена Македонија, ПОДЕМ даваат шареноликост и во Аеродром, Битола, Вевчани, Кратово, Дојран ...

Од спискот на ДИК, се воочува и тоа дека владејачката коалиција речиси секаде во првиот круг ќе трчат одвоено. Вп Арачиново ќе се сударт ДУИ со СДСМ, но кандидат ќе има и опозциската Алијнса на Албанците. Најинтересно какј коалициските владејќаки партии е во Врапчиште. Таму СДСМ ќе се бори со кандидатите на ДУИ, БЕСА, ДПА и на Демократската партија на Турците.

Кај опозицијата пак, очигледна е подвоеноста на ВМРО-ДПМНЕ со ГРОМ во Карпош иако се во коалиција на централно ниво.

Има многу општини во кои се забележува различен етнички состав на кандидатите, но има и такви кои се монолитни. Во Дебар ќе нема кандидат Македонец, таму битката ќе ја водат кандидатите на ДУИ, ДПА и Алијанса на Албанците, во Желино пак, коалициските БЕСА и ДУИ една спроти друга.

Без кандидат Македонец ќе биде и Чаир. Таму се борат ДУИ, БЕСА, ДНЕТ, ДПА и Алијанса на Албанците и Алтернатива. Во соседен Бутел, пак, етничноста на кандидатите е монолитна, ама таму се само претставници на партиите од македонскиот блок – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Откако ДИК ќе ги потврди кандидатите на 18 септемри ќе ја направи и ждрепката за редоследот на гласачкото ливче.