Свет
9. October 2017 - 11:12

Најголемиот проѕирен бел дијамант во светот, оди на аукција

Најголемиот проѕирен дијамант што кога било е понуден на аукција, деновиве е изложен на лондонската аукциска куќа „Кристи“.

- Овој дијамант од 404 карати беше пронајден во Ангола на почетокот на 2016 година. Експертите за накит прегледаа повеќе од 50 варијанти дизајн пред да се одлучат за најсоодветната за овој камен, чија вредност изнесува 163,41 карати. На ѓерданот работеа 14 мајстори од женевската компанијата „Де Грисогоно“ повеќе од 1.700 часа, изјави меѓународниот директор за трговија на „Кристи“, Дејвид Ворен.

Цената на ѓерданот од смарагди и дијаманти со главниот дијамант -прикачен на средина, се очекува да биде околу 30 милиони долари, оценуваат експерти.

- Во моментов, ова е најголемиот камен во бојата Д (синкасто-бел, наизглед безбоен и проѕирен), што некогаш е претставен на аукција, истакна Ворен.

Ѓерданот ќе биде прикажан во филијала на „Кристи“ во Женева, на 14 ноември.