Најголема загуба на работни места во Британија од 2009 година
Бројот на вработени во Велика Британија за три месеци, заклучно со јуни, падна најмногу од 2009 година затоа што кризата со коронавирус силно го погоди пазарот на трудот, иако владината програма за субвенционирање плати сè уште е во сила со цел зачувување на работните места.
Националното биро за статистика (ОНС) денеска објави дека бројот на вработените паднал за 220 илјади лица во вториот квартал, најмногу меѓу самовработените.
Одделните даночни податоци за јули покажуваат дека бројот на вработени на платниот список на компаниите е помал за 730.000 лица од март, што е сигнал што предупредува на потенцијално значително зголемување на невработеноста.
Стапката на невработеност во наведениот период неочекувано остана релативно стабилна на 3,9 проценти, но ова е резултат на зголемениот број на луѓе кои се откажуваат од барање работа и затоа не се сметаат за невработени, како и на оние што велат дека работат, но не добиваат плата.
Банката на Англија минатата недела прогнозираше дека стапката на невработеност ќе достигне 7,5 проценти до крајот на оваа година.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка