Македонија
11. December 2016 - 15:46

Најголема излезност во Кривогаштани, најмала во Центар Жупа

Најголем одѕив на гласачи до 13 часот според податоците на ДИК е евидентиран во Кривогаштани - 79,12 проценти, а најмала во Центар Жупа, со 15,76 проценти.

По Кривогаштани, најголем одзив има во Новаци 48,36, Демир Капија 47,02 и во Карпош 45,46 проценти.

По Центар Жупа, најмала излезност е регистрирана во Пласница каде што до 13 часот гласале 16,71 проценти од запишаните избирачи.