Македонија
23. јуни 2021 - 13:06

Најдолгиот миграциски пат: Преку програмата AВРР мигрантите од Иран се вратија дома после 20 години

Меѓународна организација за миграција (ИОМ) е водечка меѓувладина организација на поле на миграцијата, која во последните 70 години од основањето со 590 канцеларии низ целиот свет е посветена на принципот дека хуманата и уредна миграција им користи на мигрантите и на општеството. ИОМ работи на зајакнување на заедниците заради зајакнување на нивната издржливост во ситуации на ранливост, како и во градба на капацитети во рамките на владите за управување со сите форми и влијанија на мобилноста.

Една од најважните програми што ги спроведува ИОМ е Доброволно асистирано враќање и реинтеграција - Assisted Voluntary Return and Reintegration (AВРР).

Програмата обезбедува административна, логистичка, финансиска поддршка на мигрантите, вклучително и помош за реинтеграција, за оние кои не можат или не сакаат да останат во земјата домаќин / транзит и кои одлучат да се вратат во нивната земја на потекло. Таа се спроведува преку соработка со владините институции и заедниците за мигранти, поставувајќи пример за мултисекторски пристап кон доброволно враќање и создавање на сеопфатен систем за управување со миграцијата, во корист на сите вклучени страни.

Мигранти кои престојуваат во некои од привремените прифатни центри во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија и Косово, без оглед на нивниот правен статус, имаат право на поддршка за доброволно враќање, кога немаат средства сами да го извршат враќањето: лица кои ја откажале намерата да бараат азил, мигранти на релација, лица во нередовен статус, одбиени баратели на азил, ранливи мигранти.

Миа Ожеговиќ и Тарик Зеќо, советници за доброволно помагање при враќање и реинтеграција, им даваат дневна помош и информации на мигрантите во Центарот за привремен прием Блажуј во Босна и Херцеговина. 

„Оваа работа ве научи дека никогаш не треба да ги генерализирате работите. Колку е тешко да се работи со самохрани мажи, толку е тешко и со семејства. Сè носи одредена проблематика што е тесно поврзана со семејството или самохран човек. Работата во кампот во Блажуј ме научи дека има некои приказни кои, за жал, добиваат многу малку простор за раскажување, а требало би да е поинаку. Бидејќи и овие луѓе имаат свои семејства, браќа, сестри ... некаде“, ја започнува приказната за нејзиниот работен ден советникот Миа.

Мигрантите можат да се регистрираат или само да бидат информирани за програмата и процесот на доброволно враќање на дневна основа и доколку останат во центрите, но и надвор од центрите, во напуштени установи и други локации.

„Денот на персоналот на АВРР е полн со советување на корисници поврзани со нивното враќање дома, како и оперативни работи што вклучуваат комуникација и соработка со државните институции и амбасади. Се разбира, со оглед на тоа за каков корисник станува збор, советничката сесија може да биде подолга од предвидената, бидејќи понекогаш постојат отежнувачки околности поврзани со враќањето. Нашиот работен ден е многу напорен и официјално трае осум часа, но бидејќи сме во постојана комуникација со клиенти, доаѓаме до заклучок дека тие често споделуваат еден мобилен телефон, па се јавуваат околу 8 часот навечер со прашање за нови информации. Ние секогаш се трудиме да им бидеме достапни и да им помогнеме да стапат во контакт со нивните семејства, што е многу важно за нив и за нас “. - вели Миа.

Мигрантите за програмата AVRR можат да аплицираат на некоја од локациите во кој било центар за прием во Западен Балкан, потоа преку телефонските броеви што им се достапни во промотивни материјали и преку теренски тим кој ги посетува сите поголеми места за собирање во урбаните и руралните области и ја претставува програмата и нејзините придобивки.