Бизнис
30. March 2017 - 19:56

Најдоцна до утре земјоделците ќе добијат дел од субвенциите

Почнува исплатата на субвенциите за минатата година. По петмесечно доцнење заради изборните процедури, првите налози вредни 224 милиони денари се веќе во трезор, а до утре ќе бидат потпишани уште 170 милиони денари за млеко, оризова арпа и органско производство.

Во наредниот период ќе биат исплатени 3,5 милијарди денари субвенции за сите култури во сите региони.

Земјоделците се задоволсни, велат добро е што се надмина проблемот и парите ќе пристигнат навреме.

По евро за килограм тутун ќе добијат тутунарите, откупните компании веќе ги подготвуваат споцосите.