Македонија
22. October 2015 - 20:16

Најавено – Веднаш остварено: Инсулинска аптека во Драчево

Околу 3000 пациенти од Драчево и околината за инсулин веќе нема потреба да патуваат со километри. Од денеска неопходната терапија ќе ја добиваат во Поликлиниката. Ова е шеста инсулинска аптека во главниот град.

- Почнувајќи од оваа година наместо четири ленти државата набавува 30 ленти за мерење шеќер за пациенти со дијабетес тип 2, односно ако порано тие имаа четири ленти месечно на располагање, што значи на неколку дена да можат да вршат мерење на нивото на шеќерот во крвта, сега тоа може да го прават секој ден, што според него, е висок европски стандард и претставува мерка која е во правец на висока грижа за оваа категорија пациенти, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Освен инсулинска аптека жителите од овој дел на Скопје во непосредна близина добија и специјалист кој ќе им ја пропишува терапијата.

- На овој начин од ноември ќе биде креиран во „МојТермин“, два пати неделно по два часа ќе има одвоено термини за пациенти со дијабетес и сите оние кои матичниот лекар ќе ги упати кај специјалистот интернист, изјави д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом- Скопје.

Жителите на Драчево пред една недела побараа инсулинска аптека од премиерот Никола Груевски за време на посетата на овој региот. Беше ветено дека ќе биде отворена за десетина дена, но барањето е реализирано за една седмица.

Сите дијабетичари од Драчево и околината за новоотворената инсулинска аптека биле известени со смс преку Мој Термин.