Награда за најдобар актер за Ристановски на 4. Босфорски филмски фестивал
Никола Ристановски ја доби наградата „Златен делфин“ за најдобар актер на 4. Босфорски интернационален филмски фестивал (Bosphorus Film Festival) во Истанбул, за главна улога во црногорско-српската копродукција „Игла под прагот“ - режисерско деби на Иван Мариновиќ.
Светската премиера на филмот беше на фестивалот во Сараево, по што филмот гостуваше на повеќе фестивали, меѓу кои и во САД и Австралија. Македонската публика имаше можност да го види филмот на штотуку завршениот 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“.
Режисерот Мариновиќ е и автор на сценариото на филмот „Игла под прагот“ кој раскажува за жители на мало село на полуостров кои се на прагот да продадат голем имот во парохијата на поп Петар (Никола Ристановски) и со тоа да ги решат сите свои проблеми. Единствената пречка на нивниот пат е тврдоглавиот поп Петар кој одбива да го продаде својот дел.
Покрај со итрите селани кои секојдневно му го загорчуваат животот, Петар се соочува и со деменцијата на својата мајка (која ја игра актерката Јелисавета Сека Саблиќ), со вљубеноста на опседнатата Мара, со бунтовноста на синот-тинејџер и со постојаното преиспитување на сопствената вера.
Филмот е кандидат на Црна Гора за Оскар за 2016 година. Играат и актерите Сека Саблиќ, Богдан Диклиќ, Леон Лучев..., а покрај Ристановски, македонско учество во филмот има и музиката на Тони Китановски.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар