Loading Video...
Свет
14. July 2020 - 12:44

Нагло зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во Црна Гора

Нагло зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во Црна Гора. Околу 400 од 2.000 тестови на коронавирус кои биле испратени во лабораторија во Германија поради зголемено тестирање, се позитивни, информираше Црногорскиот институт за јавно здравје.

Со ова бројот на заразени во Црна Гора достигна до 963 лица, а ваквите податоци може да резултираат со воведување нови епидемиолошки мерки.

Во Црна Гора, вториот бран на коронавирус, кој почна во средината на јуни, зарази трипати повеќе луѓе од првиот бран. Досега од вирусот во оваа земја починаа 25 лица.

Патниците кои влегуваат во Русија од 15 јули повеќе нема да мора да одат во 14-дневна изолација, одлучи Федералната служба за здравствена заштита.

Странските државјани кои доаѓаат во Русија ќе мора да имаат негативен тест за коронавирус или да бидат тестирани во рок од три дена од влегувањето во земјата. Истото ќе важи и за сите руски граѓани по пристигнувањето во својата земја.

Најмногубројната американска сојузна држава Калифорнија, одново ги затвора сите барови, ресторани, сали, зоолошки градини, кина, музеи, со прекинување на сите активности во затворен простор, поради значителното зголемување на бројот заразени со коронавирусот.

Построгите мерки ќе се применуваат следните три дена, објави на Tвитер кабинетот на калифорнискиот гувернер.

Калифорнија во неделата имала 8.358 новозаразени. Оваа држава беше првата во САД која во март прогласи карантин. Вкупно досега во Калифорнија има околу 300.000 заразени и повеќе од 7.000 починати од короавирусот.