Тенис
13. May 2017 - 18:57

Надал преку Ѓоковиќ до финалето во Мадрид

 
 Рафаел Надал е првиот финалист на АТП Мастер турнирот во Мадрид. Миленикот на домашната шпанска публика, Надал место во финалето обезбеди со победата над Новак Ѓоковиќ кој беше минатогодишен победник во Мадрид.
 
Иако се очекуваше поголема борба, сепак Шпанецот, многу последно од очекуваната го совлада Ѓоковиќ во два сета со 6-2 и 6-4 и се избори за финале.
 
Ова бише 50.от меч меѓу овие двајца тенисери, а засега подобар е Ѓоковиќ кој има 26 победи две повеќе од Надал.
 
Надал во финалето ќе игра со подобриот од вториот полуфинален меч во кој ќе се сретнат Доминик Тием и Пабло Куевас.