Тенис
7. јуни 2017 - 13:22

Надал полуфиналист на Ролан Гарос

Најдобриот играч на земјени терени Рафаел Надал од Шпанија успеа да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос откако неговиот ривал и сонародник Пабло Буста го предаде мечот поради повреда во вториот сет. Ова за Надал е вкупно 10-то полуфинале на францускиот Грен слем турнир. 

Првиот сет Надал го доби со 6:2 во гемови, а во вториот беше 2:0.
Тој во полуфиналето ќе игра портив победникот од мечот Новак Ѓоковиќ и Доминик Тием, во кој Тием води со 2-0 во сетови.