Loading Video...
Тенис
9. јуни 2019 - 19:04

Надал останува „крал“ на земјените терени на Роланд Гарос.

Надал останува „крал“ на земјените терени на Роланд Гарос. Шпанецот трет пат во низа или вкупно 12-ти е победник на Отвореното првенство на Франција. 
 
Надал во финалето за 3 часа и 4 минути го победи Доминик Тим, препуштајќи му само еден сет, и тоа вториот кој Австриецот го доби со 7-5, додека останатите три Надал ги реши во своја полза со 6-3 и на два пати со 6-1. 
 
Со тоа Надал стигна до својот вкупно 18-ти трофеј од Гренд слем турнирите, што е за два помалку од рекордерот Рожер Федерер, односно три повеќе од Новак Ѓоковиќ кој е трет на вечната листа.