Македонија
21. April 2019 - 11:09

Над седум проценти од гласачите го искористиле правото на глас во Охрид

На изборите во Охрид до 10.00 часот своето право на глас го искористиле над седум проценти од избирачите.

Според Климент Камнаровски, претседателот на ОИК, на 88-те гласачки места во Општина Охрид за градоначалник до 10.00 часот гласале 7,4 отсто од граѓаните со право на глас, додека за претседател на државата гласале нешто повеќе, односно 7,8 проценти од гласачите.

Според Камнаровски, изборниот процес во Општина Охрид се одвива непречено, во фер и демократска атмосфера.