Свет
30. March 2017 - 13:22

Над пет милиони бегалци од Сирија

Бројот на сириските бегалци во Турција, Либан, Јордан, Ирак и Египет првпат надмина бројка од пет милиони од избивањето на судирите пред шест години, покажуваат податоците на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации. 

Бројот на бегалците беше речиси константен во текот на 2016 година и изнесуваше 4,8 милиони бегалци, но на почетокот на 2017 година тој се зголеми.

Според последните податоци на УНХЦР и турската Влада, бројот на бегалците изнесува 5.008.473, од кои 488.531 се наоѓаат во камповите.