Loading Video...
Свет
10. April 2020 - 14:15

Над милион и 600 илјади заболени од Ковид-19 во светот, починати над 95 илјади лица

Повеќе од 1 милион и 600 илјади заразени, над 95.000 починати и околу 358 илјади оздравени, ова е денешната состојба со коронавирусот во светот. Според бројот на заболени Њујорк со близу 160.000 ги надмина Италија и Шпанија. Италијанските власти го продолжија карантинот до 3 мај, а шпанскиот парламент одобри продолжување на вонредната состојба во земјата за уште 15 дена. Во Грција до 10 мнај ќе останат затворени образовните институции.

Од друга страна во Австрија од 14 април ќе бидат отворени продавниците со максимална површина до 400 квадрати.

Во Кина има 42 нови случаи, од нив 38 се повратници од странство.

Во Јужна Кореја пак  утрово се отворени избирачките места за предвремено гласање на парламентарните избори. Заразените со Ковид -19 ќе гласаат на посебно одредени 8 избираки места.