Над четири и пол илјади тони отпад собрани во акцијата за чистење на Скопје

Над четири и пол илјади тони отпад се собрани во акцијата за чистење на Скопје што ја почна новиот градононачалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на градоначалничката функција.
Во изјава дадена вечерва на плоштадот „Македонија“ по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана и дека во неа биле вклучени над две и пол илјади работници.
- Освен што беа чистени сите микролокации со контејнерите, почнавме да го чистиме и речното корито на Вардар, кој тече нормално после долги години. И Плоштадот е исчистен, кејот се третираше целосно, како и Градскиот парк, Жена парк и сите останати места кои во минатото беа симболика за срам на сите нас. Нема да дозволам да се повтори грдата слика што ја гледавме во Скопје, изјави Ѓорѓиевски.
Тој соопшти дека се изречени над 40 казни и 70 опомени и на физички и на правни лица.
Најави казни за сите оние што во следниот период несоодветно ќе го одлагаат отпадот.
МИА
Ново на Сител
-

Одбраната на Јованов: Обвинението против Михаил Јованов се темели само на тоа што е син на сопственикот на „Пулс“
-

Финансиска поддршка од 12.000 денари за новороденчињата од Општина Кисела Вода
-

Амбасадорката на Кина во посета на Свети Николе
-

Ирска вети дополнителни 125 милиони евра финансиска поддршка за Украина
-

Итен дефект на водоводна линија, утре без вода делови од Скопје
-

Приведени 15 лица под сомнение за убиство од небрежност во пожарот во Хонг Конг, соопшти полицијата
-

Жител на Бегниште приведен поради агресивно однесување кон полициски службеници
-

64-годишник измамен за сума од 1300 евра, едно лице му ветило дека ќе му помогне да земе социјална помош
