Свет
26. November 2017 - 10:47

Над 70 лица уапсени по вчерашните безредија во Брисел

Полицијата во белгискиот главен град Брисел уапси над 70 лица по вчерашните безредија кои избија во вечерните часови. Немирите почнаа како собир организиран од локален рапер на плоштадот Монае, но при распоредувањето на полицајците околу демонстрантите, почнала општа тепачка.

Демонстрантите почнале да ги ограбуваат луксузните продавници во центарот на Брисел. Министерот за внатрешни работи Јан Јамбон ги осуди безредијата и рече дека полицијата прави се што е во нејзина моќ да ги разбие демонстрантите, вклучително и употреба на водени топови.