Над 7 000 предмети од пензионираните судии прераспределени, нови кадри од декември

– Над 7 000 предмети од десет судови низ државава во кои неодамна се пензионираа поголем број на судии се прераспределени кај други судии и се веќе во работа, покажува анализата на МИА. Нови судии Судскиот совет најавува во декември, а според систематизацијата, испразнети се 200 судиски места.
Претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска за МИА вели дека бројката на нови судии превидени со „инфузијата“ е доволна, според неа, потребна е само добра организација. Од Академијата за судии и јавни обвинители, пак за МИА посочуваат дека голем број на случаи сè уште стојат нерешени токму поради недостигот на кадри во правосудството.
Согласно законските одредби, кога некој судија се пензионира или му прекинува мандатот од некоја друга причина, неговите предмети се распоредуваат кај другите судии. Од Судскиот совет велат дека ги испратиле решенијата за пензионирање до претседателите на судовите и тие преку АКМИС системот ги распределиле кај други судии.
Ново на Сител
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
