Македонија
1. December 2018 - 17:03

Над 40 решетки од сливници и капаци од шахти украдени во Струмица за само неколку дена

Масовно се крадат решетките за сливници и капаците  од шахти во Струмица. Само за неколку дена регистрирани се над 40 такви случаи и тоа од најфрекфентните улици во градот. Од ЈПКД Комуналец велат такви случаи ги има постојано, но ваква масовна појава одамна не била регистрирана. Покрај големата  материјална штета која се прави на јавното претпријатие бидејќи набавката на едно ново парче во зависност од големината чини од седум до десет илјади денари  уште посериозен проблем е загрозената безбедноста на граѓаните. Од таму додаваат  дека е вистинска среќа што до сега нема некој повреден или оштетено возило.

,, Изминатите денови сме сведоци на една сериозна кражба на капаци на шахти и сливни решетки. Во поголем број се работи за сливни решетки. За време на викендот беше изразена масовната кражба на овие решетки така да вкупниот број до денеска е некаде околу 45 пријавено сливни решетки кои што се украдени . Во моментот ние интервенираме со замена на тие решетки за да не биде загрозена безбедноста на сообраќајот.

За сега нема  сознанија зошто се прави тоа, но претпоставките се дека се крадат за препродажба какао старо железо.

,, Тоа веројатно е поврзано со зголемување на откупот на старо железо или цената на старо железо бидејќи се работи најчесто за дуктивно железни решетки.

За оваа појава се информирани сите надлежни институции кои веќе работат на расчистување на случајот и откривање на сторителите. Во меѓувреме од Комуналец Стрмица апелираат  до граѓаните доколку забележат нови случаи веднаш да го известат претпријатието за навреме да се интервенира, пред се поради безбедноста на граѓаните.