Бизнис
19. October 2015 - 11:25

Над 25 илјади посетители на „ТЕХНОМА 2015“

Над 25 илјади луѓе го посетија 41. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, нематали, градежништво, обезбедување и заштита „ТЕХНОМА 2015“.

На годинашниот саем, на кој во фокусот беа иновациите, посетителите имаа можност да се запознаат најновите технолошки достигнувања, проектите за енергетска ефикасност, иновативните производи и идеи.

Потврда на меѓународниот карактер на „ТЕХНОМА 2015“ беше и учеството на компании од Тајван во организација на Советот за развој на трговијата со странство на Тајван и преку Тајванскиот центар за трговија во Софија, како и повеќе фирми од Унгарија и Австрија.

Во рамки на саемот се одржа и Форум на иновации којшто беше организиран во соработка со Фонд за иновации и технолошки развој.  

Учесниците и посетителите заклучија дека за подобрување на конкурентноста и извозот во Македонија потребно е да се креираат производи и услуги што создаваат дополнителна вредност на општеството, а иновациите и технолошкиот развој се меѓу најбитните фактори за подобрување на конкурентноста и за подигнување на животниот стандард на граѓаните.