Македонија
14. January 2021 - 21:36

Над 25 илјади државјани на земјава, родени во Македонија се иселиле само во САД до 2018 година

Според американката истражувачка мрежа ПИУ во 2018 година во САД се регистрирани Нешто над 25 илјади имигранти кои се родени во Македонија. Ова бројка покажува дека сме на високото шесто во Европа по број на имигранти во САД во однос на вкупната популација во земјава.  

Рекордот го држат  Босанците со 107.000 и Албанците, со околу 91 000 имигранти.

Податоците од вашингтонскиот институт се можеби едни од ретките кои даваат конкретна слика на нашинците кои заминале само во САД во последната деценија.

Но, регионот не се иселува само во САД туку и во развиените европски земји, Австралија и Канада. Така, според Евростат бројот на грагани на Макеонија кои добиле дозвола за престој во земјите на ЕУ  во 2018 година  изнесува 24 442  што  е двојно повеке од 2012 година.

Овој тренд покажува дека имиграцијата секоја година  рапидно се зголемува. Токму ова е клучниот предизвик со кој пописот ќе се судри  во 2021 година. Односно колку иселеници има Македонија низ светот кои се трајно иселени

Земјава веке  20 години нема спроведено попис. Во Македонија нема  релевантни статистички податоци, а ЕУ го бара. Со пописот во 2002 година во земјата се регистрирани речиси 2,1 милиони луѓе. Според Фајненшл Тајмс  регистрите на родени и на починати, како и на даночните и други бази на податоци, наведуваат на заклучок дека реалното население сега е близу до 1,6 милион.