Фудбал
10. јуни 2020 - 15:19

Над 20.000 гледачи на дербито Партизан - Црвена Звезда

 
 
Чукарички и Војводина, односно партизан и Црвена Звезда ќе се борат за место во финалето на Купот на Србија. 
 
Дуелот меѓу лутите ривали Партизан и Црвена Звезда секако ќе привлече погромно внимание не само кај нашиот северен сосед туку и пошироко. 
 
Вечерашниот дуел ќе биде јубилеен вкупно 200-ти меѓу овие две екипи, а 38-ми во купот. 
 
Црвено-белите веќе ја обезбедија титулата во првенството, а вечерва и фаворитската улога имајќи во ја предвид изјавата на тренерот на  Дејан Станковиќ кој истакнува дека неговите избраници имаат само една цел, победа, а потоа и освојување на купот. 
 
Неговиот колега од црно-белиот табор, Саво Милошевиќ смета дека мали детали ќе одлучуваат и дека тимот кој прв ќе постигне гол ќе биде поблиску до финалето. 
 
И покрај актуелната состојба со пандемијата на Корона вирусот, од кој само вчера во Белград биле потврдени нови 45 случаи, вечерашното дерби што ќе започне од 20 часот, се очекува присуствуваат над 20.000 гледачи