Македонија
3. December 2021 - 16:45

Над 2.000 лица на погребувањето во Студеничани

Околу 2.000 луѓе на гробиштата во Студеничани им оддадоа последна почит на четворица од вкушно 45 загинати во автобуската несреќа ма автопатот Струма. 

Телата прво беа донесени во семејната куќа. По обредот пред влезот на куќата беа однесени на гробиштата. 

Жителите на Студеничани жалат по настраданите. Од семејството велат дека ќе бараат одговори за тоа што точно се случувало на кобната делница Струма. 

Последна почит граѓаните можеа да оддадат и на плоштадот Скендербег. Поставени беа четири венци од Кабинетот на претседателот на државата, претседателот на Собранието, Владата и МНР. 

Првично беше најавено дека на плоштадот ќе биде поставен видео ѕид преку кој ќе се следи поворката која требаше да поминува ни главниот град. Сепак, по барање на семејствата на загинатите поворката беше откажана и телата беа директно предадени на семејствата за да можат достојно да бидат погребани.