Балкан
17. August 2015 - 10:48

Над 1.700 мигранти спасени за три дена во Егејското море

Над 1.728 илегални мигранти и бегалци се спасени во изминатите три дена во источниот дел на Егејското море.

Инцидентите биле пријавени од петок до понеделник наутро во близина на островите Самотраки, Лезбос, Хиос, Самос, Агатониси, Калолимнос, Кос и Мегистри.